Галена направи спектакуларно враќањето на музичката сцена, откако само пред три месеци стана мајка по втор пат и го роди синот Александар.
Попфолк ѕвездата на телевизија „Планета“ не ги остави рамнодушни своите обожаватели, дојдени за првата live средба со неа после неколку месеци, во Megami Club – Hotel Marinela Софија, откако направи незаборавно шоу во преполниот клуб.
Долгоочекуваниот нов дует на Галена и Фики беше презентиран во живо пред публиката, во клубот. Но, наскоро се очекува по телевизија „Планета“ да се заврти и официјално видеото кон новото музичко парче на познатите бугарски исполнители.
Денес, на 21 мај Галена прославува и свој роденден, а телефонот и официјалните профили во Facebook и Instagram на ѕвездата буквално се преполни со честитки од многубројните пријатели и обожователи, кои сакаат и лично да ја поздраваат.
Екипата на Estrаdа World и го честитаат роденденот на Галена со желби за многу здравје, среќа, брачна хармонија и уште многу професионални успеси!
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Тв