Џесика Палашоска е една од најзгодните македонски пејачки, која ексклузивно ни даде искрено интервју од кое ќе дознаете многу интересни факти од нејзиниот личен и професионален живот. Имено, во него ќе откриете доста детали во однос на тоа како ја започнала својата музичка кариера, дали била скептична во врска со успехот на песната која ја издигна во најбараните пејачки – „Dirty Dancing“, дали подготвува нови музички проекти , како и уште многу други информации само ако го прочитате целото интервју.
Здраво Џесика. Најпрвин ќе ни раскажеш ли кој ти подаде рака за да започнеш професионално да се занимаваш со музика?
Со оглед на тоа што од малечка пеев во хорот на “Орфеј” мојот водич беше професорката Офелија Митреска поздрав до неа, таа беше првиот иницијатор да започнам професионално да градам сопствена кариера. Ја послушав и не згрешив.