Сексапилната пејачка Марија, во емисијата „Звездно“ по Планета Тв, сподели дека после неверојатниот успех на парчето „Червеният картон“ и „Всичко забранено“, подготвува уште две нови песни од нејзиниот колега Криско.
“Помеѓу втората и третата песна со Криско ќе издадам едно парче, кое е на Даниел Ганев. Многу го сакам и сакам да му направам и видеоспот наскоро. Па, да речеме на почетокот на декември и да започнам ударно со него“ – сподели таа.
Марија ги израдува своите фанови повторно и со нов изглед, коментирајќи дека трансформацијата е неизбежен дел од нејзината кариера. По повод, спектакуларниот концерт на Планета Тв, на 28 ноември во Пловдив, таа изјави:
“Концертот е во мојот омилен град. Јас сум многу возбудена. Ќе се обидеме да направиме шоу и да го надминеме тоа од минатата година “.
Погледнете што уште сподели, таа пред камерата на познатата музичка телевизија.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета ТВ