![]() |
Ивелина Колева |
Една од најпопуларните бугарски народни пејачи Ивелина Колева ја претстави својата најнова авторска песна „Ума съм си загубил” во официјалниот канал на телевизија Планета Фолк ТВ во YouTube – Planeta Folk Official.
Песната наиде на одличен прием кај публиката, а за тоа се заслужни и луѓето кои стојат позади нејзината реализација. Имено тоа се композиторот Живко Желев и поетесата Полина Дакова, кои создадоа мелодија типична за добруџанскиот стил во Бугарија, додека пак режисер на видеото е Петар Картулев кое е снимено во Добруџа – родниот крај на пејачката и во него Ивелина се појавува во народни носии од Маја Брдарова.
Исто така, ексклузивно ви откриваме дека Ивелина има готова и втора авторска народна песна за оваа година која носи наслов “Майчина земя“ која се очекува наскоро да и биде претставена на публиката.
Автор – Наташа Секуловска
Фото – Планета Фолк ТВ