(Видео) Александра: „Недостъпен“ е мојата најомилена песна до овој момент

 

Александра, музичката ѕвезда на Dipason Records,  како што најави изненади со второ музичко парче за оваа година и покрај сите настани кои ја одбележаја годината.

Песната се вика „Недостъпен“ и е качена во официјалниот канал на Фен Тв во Youtube, a  како нејзини автори се  потпишуваат Мехмед Стојанов и Ивелин Иванов, кои се дел од “Трио Джипси“, додека пак за видеото беше задолжен Добри Николов, во кое се вклучува и Моника Минкова од Враца, која е носителка на титулата  „Мисис България World 2020” .


„Во песната за прв пат ќе ме слушните да рапувам. Созадовме песна во која вметнавме поп пеење и ви благодарам момци, задоволство е да се работи со професионалисти како вас. Признавам дека оваа ми е најомилената песна до овој момент“  – сподели Александра.

Во прилог, погледнете за што станува збор:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Александра

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *